Денес во просториите на Министерството за здравство, од страна на Министерот за здравство, Арбен Таравари, беа примени претставници на медицинските сестри и техничари од повеќе болници, клиники и здравствени домови и претставници на Националното здружение на медицински сестри и техничари на Република Македонија и им беа врачени благодарници за сестраната посветеност и работа во нивната професија.


Претставници од болницата во Кочани беа Гоце Марков и Марија Ананијева.
На средбата со министерот беа изнесени барањата за вработување на повеќе медицински сестри и болничари во кочанската болница.
Приемот беше по повод денот на медицинските сестри и техничари.
ЈЗУ Општа Болница Кочани




