Новиот градоначалник на Чешиново-Облешево, Јорданчо Костадинов ја презеде градоначалничката функција

Со примањето на уверението за градоначалник на Општина Чешиново-Облешево, Јорданчо Костадинов од денеска ја презеде највисоката локална извршна функција.


Досегашниот градоначалник, Далибор Ангелов му ја предаде позицијата посакувајки му успех во работењето во интерес на граѓаните на општината.


-Сакам да и се заблагодарам на сите граѓани на Општина Чешиново-Облешево за довербата. Да им кажам дека уверението кое го добив денеска не престставува само документ, тоа е одговорност и одговорна работа која посветено треба да ја работиме во следниот период како институција градоначалник и Совет. Исто така да се заблагодарам на сите за поддршката, мотивираноста да ја спроведеме кампањата и да добиеме нов градоначалник и Совет, предводен од ВМРО-ДПМНЕ, рече новоизбраниот градоначалник на Чешиново-Облешево, Јорданчо Костадинов.

Претходно Општинската изборна комисија во Чешиново-Облешево им ги врачи уверенијата на новиот градоначалник и членови на општинскиот Совет.

Новиот градоначалник на Општина Чешиново-Облешево по професија е наставник и доаѓа на функцијата од директорското место на ООУ „Св. Климент Охридски“ – Облешево. Костадинов го освои градоначалничкиот мандат како кандидат на Коалицијата  Твоја Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели: