Новогодишна приредба и хуманитарен базар во ООУ„ Страшо Пинџур“ с. Соколарци

По повод Новогодишните и Божиќните празници ООУ„ Страшо Пинџур“ с. Соколарци организираше Новогодишна приредба и хуманитарен базар кој се одржа на ден 25.12.2023 год. 


Вработените и учениците со игра и песна ја испратија старата и го најавија доаѓањето на Новата година. 


На Хуманитарниот базар беа изложија изработки од страна на учениците и нивните родители како и разни видови на храна подготвени од вештите раце на родителите. Паричните средства кои што се собрани од хуманитарниот базар ќе бидат донирани за лекување на наш ученик.

Среќни Новогодишни и Божиќни празници Ви посакуваат вработените од ООУ„Страшо Пинџур“ с. Соколарци.

Сподели: