Во големата сала на Мултикултурниот центар во Кочани, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани вчеравечер го промовираше кандидатот за градоначалник Д-р. Владко Грозданов и носителот на советничката листа Александар Андов заедно со кандидатите за советници.


На промоцијата пред присутните членови, симпатизери и поддржувачи беше речено дека претстојните Локални избори се можност за граѓаните на Кочани да изберат развој и просперитет.

-Настанот се одржа на достоинствен начин, со одавање почит на жртвите, грижа за повредените и со јасни повици за сплотеност и единство. Кандидатот за градоначалник Д-р. Владко Грозданов на сите оние кои си подигруваат со човечката болка и кои се обидуваат да ги етикетираат или поделат родителите кои претрпиле загуба, им порача и им најави дека планира токму родителите на оние кои настрадаа да бидат негови први советници и соработници, особено кога станува збор за инспекциски надзор и контрола во Општината, соопштија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани.





