ООУ „Никола Карев“ Кочани организираше Новогодишен базар во училишниот двор на кочанското основно училиште.

Учениците изработуваа производи и рачни изработки кои беа изложени на штандови во дворот каде во новогодишната бајка ја посетија голем број родители и сограѓани.
За културно –уметничкиот дел на настанот се погрижи училишниот хор и оркестар, маскоти и сетови на ДЈ.
Во рамки на тридневната новогодишна програма, ќе се прикаже и новогодишна театарска претстава на ученциите од второ одделение.
Новогодишниот базар е традиционална актиност на училиштето и раководниот тим пред празниците и Новата година.



