Отворен нов ексклузивен салон на СИМПО во Штип

Реномираниот бренд СИМПО отсега и во Штип.

Компанијата отвори нов ексклузивен салон на локација во близина на новиот кружен тек на ул. „Борис Крајгер“ бр. 54 во Штип.

Инаку компанијата СИМПО има богата традиција и е позната по креирањето на висококвалитетен мебел.

Фабриката за мебел „Sima Pogačarević”, од која се разви денешната фирма СИМПО, е основана во 1963 година во Врање, Србија.

Денес СИМПО е произведувач на мебел со најдолга традиција и по избор на потрошувачите најомилен мебел во Србија и пошироко.

Секојдневно вештите мајстори, архитекти, дизајнери, инженери, продавачи, монтери итн. вредно работат како би стасал најдобриот мебел до купувачите, до домовите во кои се создаваат најубавите фамилијарни спомени и деловни простори каде што се создаваат успеси.

СИМПО е една голема фамилија која создава мебел кој има душа и ги прави посебни домовите и деловните простории ширум Европа. Со купување на мебел од СИМПО не добивате само парче мебел со идеално балансиран квалитет, дизајн, функционалност и иновативност, туку внесувате во својот ентериер посебен дух и енергија. Задоволството на купувачите е најголема награда за СИМПО бидејќи тие ја создаваат големата фамилија СИМПО која секојдневно се зголемува.

СИМПО создава мебел кој има душа, а заедно со купувачите креираат големи и посебни приказни… КРЕИРААТ УДОБНА ИДНИНА!

СИМПО – МЕБЕЛ СО ДУША

Сподели: