Петмина пациенти утрово се изпишани од Универзитетскиот клинички центар Србија во Белград откако месец и половина од трагедијата во дискотеката „Пулс“ се наоѓаа на болничко лекување.


Момент на емоции и разделба со медицинскиот персонал кои изминатиов период професионално и пожртвувано се грижше за повредените пациенти од Кочани.
Мирче, Ефимија, Александра, Ангела и Надица заедно со своите фамилии се враќаат во Кочани на домашна нега.

-Министерството за здравство информира дека денеска пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани ќе се вратат од лекување од Клиничкиот центар во Србија, по што согласно протоколот тројца ќе бидат под опсервација на Клиниката за пулмологија и по еден пациент на Клиника за пластична хирургија и во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“, соопштија од МЗ.
До крајот на неделата според информациите ќе бидат отпуштени уште двајца пациенти, а отпусти се планирани и за следната седмица.

Во моментот на УКЦС – Белград на лекување остануваат уште осум пациенти. Претходно, четири пациенти си заминаа на домашно лекување од вкупно 17-те кои беа хоспитализирани на Универзитетската клиника во Белград.



