Поднесени дваесет кривични пријави за непочитување на полицискиот час

Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе вкупно 20 кривични пријави на лица за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.


Во првиот ден од полицискиот час забраната за движење не ја почитувале  четири лица, Б.В.(42) и и А.Г.(27) од Кочани, Е.Б.(29) од Тетово и В.М.(23) од СР.Германија, со живеалиште во Кочани кои околу 22:15 минути биле забележани и лишени од слобода од страна на полициски службеници. Исто така следниот ден на 23. Март, Д.Б (36) и Д.Г (31) и двајцата од Кочани заради непочитување на полицискиот час биле уапсени и спроведени во Полициската станица .


Истата вечер, кочанските полицајци регистрирале уште две прекршување на забраната за движење, па во 22:00 часот полицијата ги привела   Д.П (22), Б.И.(22), А.Н.(19), А.Н.(22), С.Ѓ.(19), В.М.(23), В.А.(16) и еден 17-годишник, сите од Неготино, и В.Н.(26) од с.Тработивиште, делчевско, додека еден час подоцна во 23:00 часот  полицијата ги привела и  Ж.М.(31) и  Б.А.(19) двајцата од с.Баница, струмичко, и Т.Н. (20) од с.Мојанци. Против нив ОВР- Кочани поднела соодветна кривична пријава.

Во вторникот на 24.03 во рацете на полицијата паднало и едно малолетно лице. Станува збор за седумнаесетогодишник кој заедно со Е.А (19) жители на Кочани околу 21:40 минути при вршење контрола биле забележани и приведени од полицијата.

За сите дваесет лица полицијата поднесе кривична пријава за непостапување на здравствените прописи за време на епидемија.

Извор: Дневен билтен МВР

И.Матеничарски

Сподели: