Навално возило за гасење пожари и други интервенции доби Доброволното противпожарно друштво – Виница, како донација од Ротари клубот „Кочани-Виница“.


Возилото е марка „Мерцедес 811Д“ поседува нова пумпа за вода, превезува до 9 лица, истото е одлично зачувано со поминати 23 илјади километри, донирано со поддршка на хумани луѓе за потребите на виничките пожарникари и доброволци.

-Имаме чест денеска да донираме едно ново противпожарно возило за нашето Доброволно противпожарно друштво во Виница, за неуморните херои кои секогаш трчаат за да спасат некоі дом, некој објект или нечиј живот. Во оваа прилика сакам да упатам голема благодарност до сите доброволци коишто учествуваат во Доброволното противпожарно друштво и ги охрабруваме и другите луѓе коишто сакаат да се приклучат со цел за да се зголеми бројот на доброволци. Со голем број на донации од наши пријатели го обезбедивме ова возило, а голема благодарност сакаме да упатиме и до „Аце ауто” затоа што тој го најде, ја организираше целата логистичка поддршка од Германија, со сите царински увозни давачки и го донесовме возилото да биде денеска овде. Ги охрабруваме сите чинители во Виница и Кочани да помагаат на заедницата бидејки сите заедно можеме да направиме повеќе, истакна Влатко Тасев, претседател на Ротари клубот Кочани — Виница.

На примопредавањето на возилото присуствуваа и претставници од Ротари клубот „Кочани-Виница.

-За нас ова е надеж на ДПД, голема поддршка, исто како и за целата заедница. Во мои лично и во име на сите членови од ДПД сакам да се заблагодарам на Ротари клубот Кочани — Виница за оваа донација коа е исклучително вредна и хумана за нашата заедница. Овој камион не е само возило, тој претставува безбедност и сигурност за нашите пожарникари за уште повеќе да имаат сила за работа и со ова значително ќе се подобрат условите за гасење и безбедност нашата општина. Овој камион ќе биде користен одговорно, совесно и со џелосна посветеност, секогаш со служба и заштита на човечките животи имотот и природата на нашата општина. Уште еднаш голема благодарност до клубот, им посакуваме голем успех, да продолжат со ваквата работа, со овие донации за поголема сигурност на заедницата, а голема благодарност и до „Аце ауто’ кој гообезбеди превозот на камионот. истакна БранкоИвановски, претседател на Доброволното противпожарно друштво —Виница.

Виничките доброволни пожарникари, покрај новото навално возило поседуваат пикап и комби за превоз на пожарникари.



