Свеченост по повод патронатот на СОУ „Љупчо Сантов“ 

Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ вечерва на свечена академија во НУЦК „Бели Мугри“ го одбележа патрониот празник на училиштето.


По повод 80 годишнината од смртта на херојот Љупчо Сантов чие име го носи кочанската гимназија, учениците и вработените пред публиката прикажаа свечена програма со сценски, музички и драмски содржини. Настапија и фолклористи од ФА „Љупчо Сантов“.


– Образованието не е рамка туку прогресивна категорија. Ние како вработен кадар мора постојано да се усовршуваме во својата професионална сфера. Знаењата да бидат пренесени на нашите ученици. Долг е патот на учителот и неговата крајна дестинација е само продолжеток по кој ученикот е спремен сам да изодува понатаму. Горди сме на нашто училиште и трајните квалитети на нашите ученици кои излегуваат како матуранти, истакна Љубомир Гацов, директор на СОУ „Љупчо Сантов“.

Во рамки на одбележувањето на патрониот празник, утре, 23 март, делегации ќе положат свежо цвеќе пред спомен-бистите на хероите Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на револуцијата во Кочани.

И. Матеничарски

Сподели: