Седми „Марш за ангелите“ в сабота од 16:05 часот

Родителите на починатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ в сабота, 24 мај, ќе го организираат седмиот „Марш за ангелите“.


Маршот ќе почне во 16 часот и 5 минути од Паркот на Револуцијата и ќе продолжи кон Трговскиот центар. Потоа учесниците ќе отидат пред Општина Кочани, а оттаму кон Полициската станица и пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани.


Семејствата ги повикуваат сите граѓани кои им даваат поддршка во барањето неселективна правда да им се придружат.

Од иницијативата “Кој е следен” најавија повторно присуство на саботниот протест во Кочани.

Сподели: