Злато за борачот Филип Ангелов и сребро за Славица Митева на Меѓународниот турнир за кадети во Р. Бугарија

Боречкиот клуб „Спартак“ од Кочани викендов зема учество на Меѓународниот боречки турнир за кадети во Благоевград Р. Бугарија.


Филип Ангелов во категоријата до 80 килограми во машка конкуренција освои златен медал, додека Славица Митева во категоријата до 50 килограми освои второ место, односно сребрен медали. Тренер на борачите, Гоце Ангелов.


Од БК „Спартак“ соопштија дека со турнирот ја затвораат натпреварувачката сезона годинава.

Сподели: