Полициски службеници утринава во 1:48 часот во Кочани го лишиле од слобода Т.С.(36) од Кочани.

При контрола во патниот сообраќај сопреле патничко возило, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,63 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопштија од МВР.



