Шестиот по ред „Марш за ангелите“ семејствата на починатите во „Пулс“ ќе се одржи в сабота, 17 мај со почеток од 16 часот и 5 минути.

Маршот како и претходно ќе почне од Паркот на Револуцијата кон Трговскиот центар, и зградата на Општина Кочани, потоа кон Полициската станица и пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани.
Од движењето „Кој е следен?“ најави дека утре ќе го поддржат „Маршот на Ангелите“ во Кочани, кој секоја сабота го оддржуваат родтиелите, семејствата и пријателите на настраданите во пожарот во „Пулс“.
-Одиме за Кочани да го поддржиме „Маршот на Ангелите“. Граѓаните на Кочани протестираат макотрпно секоја недела и потребна им е нашата поддршка! Никој не смее да биде оставен сам во болката. Нашиот пат е пат на солидарност, на гласна поддршка и достоинствен отпор, се вели во објавата на социјалните мрежи.



