19 медали за каратистите на КК „Кочани“ на Меѓународниот турнир  „Солидарност Опен“ 2025 во Скопје

19 медали освоија каратистите на Карате клубот „Кочани“ на 23-тото издание на Меѓународниот карате турнир  „Солидарност Опен“ 2025 година што викендов се одржа во Скопје.


Каратистите од „Кочани“ на турнирот настапија со 13 натпреварувачи кои освоија 19 медали. Од нив седум златни, четири сребрени и осум брозни. Во екипен пласман КК „Кочани“ го освои 3-тото место.


Во две финални борби на турнирот се сретнаа четворица натпреварувачи на КК „Кочани“ кои меѓусебно се бореа за златниот медал.

Уште еден доказ за посветената работа, тимскиот дух и квалитет на нашите спортисти, додадоа од КК „Кочани“.

Сподели: