24 часовно мерење на брзината на патиштата, полицијата на терен со сите радари

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија како земја членка на РОАДПОЛ, се приклучува во акцијата која денеска на 9 април се реализира низ цела Европа.


Денеска на територијата на целата држава почна 24-часовна акција на мерење на брзината на патиштата ширум Македонија и ширум Европа. Во акцијата учествува целата сообраќајна полиција и сите уреди за мерење брзина со кои располага македонската полиција.


Контролните точки се распоредени на сите патишта во државата а контролата трае од 00 часот до 24 часот.

Министерството за внатрешни работи продолжува интензивно со сообраќајните контроли. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. Да бидеме одговорни. Да ги почитуваме ограничувањата. Да спасиме животи.

МВР

Roadpol – European Roads Policing Network

Сподели: