Новата 2023 година кочанчани ќе ја дочекаат во Паркот на револуцијата во рамки на Новогодишниот базар што годинава се одржува во Кочани.
Новогодишната програма започнува на 31.12 (сабота) од 20 ч., а присутните ќе ги забавува DJ Mike Rose, бендот Time Out и Habana Breez Band.

Прославата на Нова година во Паркот на револуцијата доаѓа по предлог на независниот советник Венко Крстевски, кој на последната седница на Советот на Општина Кочани побара продолжување на работното време на поставените продажни објекти од 24 до 02 ч. и одвојување на средства од Буџетот за култура за прослава на Новогодишната ноќ.
Генереален покровител на настанот е Општина Кочани, Пролет – бар и Алма.
Спонзори на настанот се сите учесници на Новогодишниот базар.
И. Матеничарски