Реализирани онлајн активности на Еразмус + проектот „8-те струни на нашите лакови“

Известување од СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани:

Во периодот од 26.04 2021 год. до 30.04.2021 год, се одржа четвртата по ред мобилност од проектот “8-те струни на нашите лакови”.

Домаќин беше Турција потoчно градот Баликешир.Поради состојбата со Ковид пандемијата реализирањето на активностите предвидени во Проектот се одржаа онлајн. 12 ученици и професори од СОУ„ Љупчо Сантов“ беа вклучени во реализацијата.

Во тековните пет дена активностите кои учениците ги реализираа беа распоредени според утврдена агенда. Најпрво преку видео запис бевме запознаени со училиштето во Баликешир, со ентериерот и екстериерот, и како функционира самото училиште.

Потоа ни прикажаа кратка обиколка на самиот град, историски места и архитектура, со која се отсликува убавината на овој град. Во текот на наредните денови беше прикажана традиционалната храна и пијалоци кои се приготвуваат во земјите учеснички, музичко- уметнички точки, а потоа следуваа и презентации од страна на учениците – учесници во проектот, од сите земји С. Македонија, Португалија, Италија, Англија и Турција. Учениците решаваа тест за различни интелегенции,крстозбор,осмосмерка,квиз

Сите на свој начин со своите идеи, ни ја представија и целта на проектот а тоа е сплотување на различностите почитување и прифаќање на вредностите и културата на сите земји учесници. Преку овој Проект учениците активно учествуваа и во воннаставни активности кое е показател дека и покрај Пандемијата ние сме активни на полето на реализирање на училишните активности.

СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани

Сподели: