Претседателот на Советот Александар Андов им оддаде признание на пожарникарите од ТППЕ и ДПД Кочани за нивната пожртвуваност при невремето

Претседателот на Советот на Општина Кочани, Александар Андов, ги посети Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кочани и Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани, при што им изрази искрена благодарност за нивната брза, професионална и пожртвувана интервенција за време на невремето што неодамна го зафати градот.


Во знак на признание за нивната несебична служба, Андов на сите припадници им додели благодарници со пораката: „За вашата храброст, пожртвуваност и несебична служба во заштита на жителите на Општина Кочани.“


На ТППЕ Кочани им беше подарена и уметничка слика како траен симбол на благодарност и почит, додека членовите на ДПД Кочани добија маички со логото на друштвото, кои ќе ги користат во своите секојдневни активности.

-Кога некој без двоумење застанува во одбрана на граѓаните, најмалку што можеме е да му кажеме благодарам, истакна Андов, упатувајќи искрена почит до сите професионални и доброволни пожарникари.

Тој нагласи дека нивната храброст, пожртвуваност и подготвеност се вистински пример за служба во интерес на граѓаните и гордост за Кочани.

Сподели: