Бронзен медал за женскиот кумите тим на Балканското карате првенство во Босна и Херцеговина, меѓу нив и репрезентативката Наталија Карова од КК „Кочани“

Карате репрезентативката Наталија Карова од КК „Кочани“ учествуваше на Балканското првенство за сениори и ветерани во Бања Лука, Босна и Херцеговина, каде како член на женскиот кумите тим на Македонија освоија бронзен медал – екипно.


Балканското првенство за сениори и ветерани се одржа во периодот од 27 февруари до 1 март 2026 г.


-Очекуваме уште поголеми успеси на Наталија Карова на претстојното Државно првенство за сениори кое ќе се одржи во април месец, соопштија од КК „Кочани“.

Сподели: