Општинскиот фудбалски сојуз Кочани денеска во Мултикултурниот центар го одржа редовното годишно Собрание.



На седницата беше усвоен деловникот за работа и работните тела на Собранието како и годишната сметка на ОФС Кочани. Претседателот на ОФС – Кочани, Александар Андов во своето обраќање поднесе извештај за работата во изминатата година и истиот го презентираше пред присутните делегати.

На седницата на годишното Собрание беа доделени благодарници на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и на генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски, а во нивно име ги прими претставникот на ФФМ, Горан Костовски.

На годишното Собрание на ОФС Кочани присуствуваа 23 делегати.




