Грозданов – На мирен, културен и заеднички начин, сопствениците на пицерии и кафетерии ги отстрануваат бесправно доградените делови од јавните површини во Кочани

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов во видео изјава информираше за активностите за отстранувањето на доградбите пред угостителските објекти во Трговскиот центар блок А во Кочани.


-Денес во Општина Кочани се спроведува законот на мирен, културен и заеднички начин. Сопствениците на пицериите и кафетериите во Трговскиот центар во Кочани започнаа отстранување на бесправно доградените делови од јавните површини, во согласно со законот и договорените рокови и обврски што ги утврдивме заеднички на состаноците на почетокот на годината. Сакам да истакнам дека нивниот одговорен пристап е позитивен пример за почитување на законите и заедничката грижа за јавниот простор. Со овие активности обезбедуваме поголема безбедност, сигурност и проодност што е најважно за безбедно движење на граѓаните. Јавните површини мора да бидат достапни и функционални за сите, за пешаците, родителите со деца, повозрасните лица и лицата со попреченост, изјави градоначалникот Грозданов.


Притоа, истакна дека кафе баровите се отвораат од три страни и тендите остануваат како што е законски дозволиво. Пицериите на терасите од источнтата страна на Трговскиот центар блок А целосно ги отстранувааат доградените делови, вклучувајки ги и платформите и надстрешниците.

-Истите стандарди ќе се применуваат и за нив и за сите угостителски објекти во кочанското подрачје. Наша цел е уреден, безбеден и современ град во кој јавниот простор е во служба на граѓаните, заврши Грозданов.

Сподели: