На 19 март – Хуманитарен фудбалски натпревар помеѓу учениците и професорите од СОУ „Гошо Викентиев“ Кочани

СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани на 19 март 2026 г., четврток, во Спортската сала „Кочански Ангели“ во ООУ „Никола Карв“ организира хуманитарен фудбалски натпревар помеѓу професорите и учениците во чест на 63 –те загинати млади лица од кочанската трагедија.


Натпреварот е со почеток од 19 ч. Натпреварот има хуманитарен карактер, со цел преку спорт и заедништво да оддадеме почит и поддршка и да се помогне онаму кадешто е најпотребно.


-Ги повикуваме сите граѓани, ученици, родители и пријатели на спортот да дојдат и со своето присуство да ја поддржат оваа хумана иницијатива, повикаа од СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани.

СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани

Сподели: