На 6 јануари – Бадникова поворка во Кочани

По повод големиот христијански празник Бадник, свештенството на храмот „Св. Вмч. „Георгиј“ – Кочани традиционално ја организира Бадниковата поворка низ кочанските улици.


Поворката ќе тргне во 09:30 ч. од црковниот храм „Св. Вмч. Георгиј“ – Кочани, по улицата „Илинденска“ и „Димитар Влахов“ до Стришани и оттаму ќе продолжи по „Стево Теодосиевски“ и на кружниот тек кај двојниот мост по „Маршал Тито“ до Градскиот плоштад.  На плоштадот поворката ќе биде примена од градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов.


Од храмот „Св. Вмч. Георгиј“ – Кочани истакнаа дека на поворката ќе учествуаат стотина дечиња кои ќе продефилираат низ улиците при што ги повкаа сите верници, да излезат на улиците и да ги поздрават младите бадникарчиња, кои со песна ќе известат за радосната вест на Христовото рожденство.

Сподели: