ООУ „Никола Карев“ – Кочани е прогласено за Најдобро основно училиште во областа на спортот во Македонија за 2025 година.


-Ова значајно признание е резултат на континуираната посветеност, напорната работа и спортскиот дух на нашите ученици, наставници и ментори, како и на поддршката од родителите и локалната заедница. Успехот не е само наш тој е успех и за нашата Општина, доказ дека со заедничка визија, дисциплина и тимска работа се постигнуваат врвни резултати. Горди сме на секој ученик кој го представува нашето училиште,на секој наставник кој вложува срце и знаење, и на секој успех што го градиме заедно. Продолжуваме уште посилно, со истата енергија и љубов кон спортот!, соопштија од ООУ „Никола Карев“ – Кочани.
ООУ „Никола Карев“ Кочани





