Потпишани два договори за инфраструктурен развој на Зрновци


Денес градоначалникот на Општина Зрновци, Ванчо Митев и директорот на Бирото за регионален развој, потпишаадва значајни договори за развој на општината.


Станува збор за проекти за кои се обезбедени средства преку следните програми:


Програма за подрачја со специфични развојни потреби: Обезбедени се 180.540 денари за изработка на техничка документација за реконструкција на дел од ул. „Скопска“ во с. Зрновци.

Програма за развој на селата:

Обезбедени се уште 180.540 денари за изработка на техничка документација за реконструкција на дел од канализационата и водоводната мрежа на истата улица (ул. „Скопска“ во с. Зрновци).

Вкупниот износ за поддршка од Бирото за регионален развој изнесува 361.080 денари. Овие средства се првиот и неопходен чекор (изработка на документација) кон целосно модернизирање на подземната и патната инфраструктура во овој дел од Зрновци.

Општина Зрновци

Сподели: