Привремен прекин на сообраќајот на дел од улицата „Димитар Влахов“

Поради интервенции на водоводната мрежа е воведен привремен прекин на сообраќајот на дел од улицата „Димитар Влахов“. Затворен е потегот од кракот на улицата „Маршал Тито“ кај Катастарот, сè до кружниот тек во Стришани.


Екипи на КЈП „Водовод“ работат на отстранување на дефектот и обезбедување непречен проток на сообраќајот.


Надлежните служби апелираат за зголемено внимание и почитување на сообраќајната сигнализација од страна на сите учесници во сообраќајот.

Сподели: