ПСК „Осогово“ го организира 19. традиционален Петровденски планинарски марш до Раткова Скала

По повод празникот на градот Кочани – Петровден, Планинарско-спортскиот клуб „Осогово“ од Кочани на 12 јули 2026 година ќе го организира 19. традиционален Петровденски планинарски марш на релација Пониква – Раткова Скала.


Маршот, што секоја година собира голем број планинари, рекреативци и љубители на природата од Македонија и странство, ќе започне во 7:00 часот од местото „Аеродром“ на Пониква.


За учесниците од Кочани е организирано поаѓање од Градскиот парк во 6:30 часот.

Патеката е долга околу шест километри во еден правец, а пешачењето трае приближно три часа. Организаторите информираат дека трасата е целосно маркирана, има повеќе места со питка вода и е со средно лесна тежина, што овозможува учество на сите љубители на планината.

За сите учесници ПСК „Осогово“ ќе обезбеди традиционален планинарски ручек – планинарско гравче, кое ќе биде послужено во манастирската трпезарија. Организаторите апелираат секој учесник да понесе сопствен прибор за јадење.

Пријавувањето за учество трае до 10 јули, со цел навремено да се обезбедат ручек и благодарници за планинарските клубови, како и признанија за најмладиот и највозрасниот учесник.

Лица за контакт:

Тошо Антов 078-270-724
Мирче 078389909
Стојка 0713144828
Зоран  078746970

Од клубот потсетуваат дека секој учесник сам е одговорен за својата здравствена и психофизичка состојба, а се препорачува носење соодветна планинарска опрема согласно временските услови.

Сподели: