Ротари клубот „Кочани-Виница“ реализираше нова донација на современ апарат за читање и зголемување на текст со говорна функција на Здружението на слепи и слабовидни лица во Штип.


Апаратот од марката KOBA Vision Vocatex Standard овозможува лицата со оштетен вид да читаат книги, документи и списанија или да ги слушаат преку гласовна репродукција.


Донација ќе го подобри квалитетот на животот на слепите и слабовидни лица. Нашата мисија е јасна – да помагаме таму каде што е најпотребно и да создадеме општество со еднакви можности за сите. Благодарност до сите кои придонесоа оваа иницијатива да стане реалност, соопштија од Ротари клубот „Кочани-Виница“.

Вредноста на донацијата е 250 илјади денари и се реализира во партнерство со „Letz Care“ и Ротари клуб Штип.



