Соопштение на угостителите од Трговскиот центар блок А во Кочани:

Ние не сме узурпатори.
Ние сме субјекти кои користеа јавна површина со одобрение и со уредно платени надоместоци кон Општината.
Затоа, ваквото етикетирање не само што е неточно, туку и сериозно го доведува во заблуда јавниот простор.
Пред да се користат тешки зборови како „узурпација“, потребно е да се знае нивното значење и правна тежина.
Во однос на наводите за кривични постапки со кои, наводно, сме биле „исплашени“ — бараме јавно да се изнесат конкретни факти. Во спротивно, ваквите тврдења се неосновани и штетни.
Дополнително, сметаме дека неговото време на самоволни настапи е завршено.
Неговите лични проблеми поврзани со дел од објектите веќе се надминати и тие се отстранети, а за користење на јавна површина одлучува исклучиво Општината, согласно закон.
Очигледно е дека постои обид за предизвикување конфликт со угостителите, со цел да се извлече лична корист, но таквите обиди не успеаја.
Воедно, против него веќе се водат две судски постапки — за напад и за клевета, што дополнително ја доведува во прашање сериозноста и кредибилитетот на ваквите јавни настапи.
Особено загрижува фактот што неговата јавна активност се совпадна исклучиво со периодот на кампања за избор на советници и градоначалник. Останува впечаток дека трагедијата со 63 починати беше злоупотребена за политички поени. По завршувањето на кампањата — неговото присуство и поддршка за маршевите исчезнаа.
Тоа отвора сериозно прашање: дали се водеше политика врз болката и смртта на нашите деца?
Очекуваме одговорност во јавниот говор.
Без факти — нема простор за вакви обвинувања.
Во прилог може да го погледнете видеото од негов јавен настап во кој дава јавна безрезервна поддршка, на која заборави брзо брзо, иако како што вели- не го интересираше политиката. Видео со клик ОВДЕ.
Угостители од Трговски центар блок А – Кочани



