Клубот за планинарски спортови „Осоговски Орел“ – Кочани, денеска кај месноста Пресечена скала над Фабриката за вода во Кочани реализираше акција за пошумување, во спомен и чест на загинатите од кочанската трагедија меѓу нив и нивните членови, Ѓорѓи Величков и Диме Димитриев.



Беа засадени околу 300 садници багрем, а по пошумувањето учесниците продолжија со планинарска прошетка околу Браната Гратче, на патеката од Пресечена Скала преку Мактеон до водопадите на Кочанска Река, во должина од околу 8 километри.


Пошумувањето се реализира во пресрт на одбележување на годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
И. Матеничарски





