Заврши петдневната турнеја на ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари во Босна и Херцеговина

Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари успешно ја заврши својата петдневна турнеја во Босна и Херцеговина, која се реализираше од 26 до 30 јуни.


Ансамблот престојуваше кај Младинскиот културен центар „Босна Арт“ од Стјепан Поље, Грачаница, со кој од минатата година има потпишано Повелба за збратимување, продолжувајќи ја соработката и културната размена меѓу двете здруженија.


Во рамки на посетата, членовите на ансамблот учествуваа на XIII Интернационална фолклорна смотра „Стјепан Поље 2026“, која се одржа од 26 до 29 јуни. На првата фестивалска вечер, на 26 јуни, настапија играорците од групата од Оризари, кои пред публиката се претставија со една кореографија и една изворна песна. На 27 јуни, пак, настапија членовите на играорната група од Зрновци, изведувајќи две кореографии од македонскиот фолклор.

Средствата за патните трошоци беа обезбедени со поддршка од Министерството за култура и туризам, преку сопствено учество на членовите на ансамблот, како и со помош на општествено одговорни компании.

Покрај фестивалските настапи, слободното време членовите на ансамблот го искористија за дружење, прошетки и заеднички активности со домаќините од Младинскиот културен центар „Босна Арт“, дополнително зацврстувајќи ги пријателските врски и културната соработка меѓу двете организации.

Сподели: