Учениците од школата за гитара „Music On“ вечерва, со почеток од 19:00 ч. во Центарот за култура „Бели Мугри“ ќе одржат јавен час по повод упешно завршување на учебната година.

На настанот ќе се претстават 29 млади гитаристи, предводени од професорот по гитара, Дејан Алексовски.
Публиката ќе има можност да ужива во акустична изведба на познати домашни и светски нумери, изведени од учениците на Школата за гитара „Music On“.
Настанот е со ограничен број на посетители, согласно протоколите за заштита од Ковид-19.
И. Матеничарски




