Медицински сестри и техничари на прием кај министерот за здравство Арбен Таравари

Денес во просториите на Министерството за здравство, од страна на Министерот за здравство, Арбен Таравари, беа примени претставници на медицинските сестри и техничари од повеќе болници, клиники и здравствени домови и претставници на Националното здружение на медицински сестри и техничари на Република Македонија и им беа врачени благодарници за сестраната посветеност и работа во нивната професија.


Претставници од болницата во Кочани беа Гоце Марков и Марија Ананијева.


На средбата со министерот беа изнесени барањата за вработување на повеќе медицински сестри и болничари во кочанската болница.

Приемот беше по повод денот на медицинските сестри и техничари.

ЈЗУ Општа Болница Кочани

Сподели: