„Сакам живот во Кочани“ најави нов пазар, модерен, уреден и достапен за сите

Нашиот тим денес го претстави предлог-проектот за нов пазар во Кочани, како дел од концептот за уреден, функционален и современ град.

Проектот опфаќа целосен редизајн и воспоставување на нов пазарски систем, кој ќе биде усогласен со урбанистичкиот план на општината. Ќе се разгледаат сите можности – дали пазарот ќе биде реконструиран на постојната локација или дислоциран на нова, пофункционална позиција, со цел да се добие најоптимално решение за граѓаните и продавачите.
Во решението ќе бидат опфатени сите стандардни технички и хигиенски услови, меѓу кои:

-Нови, брендирани и уредни тезги со јасно означени делови според видот на производите (земјоделски, прехранбени, текстил, цветови и др.);

-Современи санитарни јазли за одржување на висок степен на хигиена;

-Организиран паркинг простор за сите продавачи, со што ќе се растовари сообраќајот од централното градско подрачје;

-Пазар што ќе функционира повеќе денови во неделата, со подеднакви услови за сите.

Нашата визија е да создадеме пазар по европски стандарди, место кое ќе биде гордост на Кочани – со чиста, уредна и безбедна средина, која ќе ги поттикнува локалното производство, малите бизниси и семејните занаети.

Со проектот за нов пазар, го поставуваме темелот на еден современо, хумано и функционално Кочани во кој што сакаме живот за сите.

Сподели: