Патнички автомобил марка „Фолксваген Голф“ на кочански регистарски ознаки утрово се запали на Градскиот плоштад пред маркетот „Тинекс“.
Пожарот на автомобилот започна од предниот дел кај моторот на возилото. Во гаснењето на пожарот интервенираше екипа од Територијалната противпожарна единица – Кочани која спречи автомобилот целосно да биде опожарен.
Причинета е само материјална штета додека возачот на автомобилот остана неповреден.