Во вторник – „Светлина за 62 Ангели“ во Паркот на револуцијата во Кочани

Во вторник, на 16 септември во Паркот на револуцијата во Кочани ќе се одржи настан во спомен на загинатите од „Пулс“ кога навршуваат шест месеци од трагедијата.


Под мотото „62 Ангели – вечна светлина во нашите срца“ со собир во 20 ч. ќе бидат запалени свеќи во чест на починатите, а во 20:30 ч. кон небото ќе бидат пуштени 62 балони. Потоа, сите присутни со светлата од мобилните телефони ќе испратат светлина кон небото за 62 згаснати животи.


-Тие не заминаа. Тие засекогаш живеат во секоја мисла, во секоја солза, во секое чукање на срцето. Нашите 62 ангели ќе бидат вечна светлина што не гасне. Местото за палење свеќи ќе биде достапно до 24:00 часот, за секој што сака лично да оддаде почит. Овој настан е исклучиво комеморативен и хуман – чин на љубов, почит и сеќавање. Да останеме обединети во болката, но и во љубовта кон оние кои секогаш ќе живеат во нашите срца. Да бидеме обединети во љубов и сеќавање. Светлина за 62 ангели, соопштија од ЗГ „16 Март 2025 Кочани“

ЗГ „16 Март 2025 Кочани“

Сподели: