Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија ја објави кандидатурата на Игор Христов за градоначалник на Кочани за претстојните локални избори закажани за 19 октомври.

Игор Христов е претседател на Општинската организација на СДСМ во Кочани од февруари 2025 година.

Дипломиран правник и професор во СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани. Своевремено ја извршуваше функцијата директор на кочанската гимназија.



