Во Кочани денес гласаа 146 болни и немоќни и 2 лица во куќен притвор

Во пресрет на вториот круг од Локалните избори во Македонија денеска во Кочани гласаат болните и немоќни лица, како и лица во куќен притвор


На територијата на општина Кочани за вториот круг беа пријавени 173 болни и изнемоштени лица од кои правото на глас денеска го остварија 146 лица. Денес во Кочани гласаа и двајца избирачи кои се во куќен притвор.


На Локалните избори во Кочани в недела, 2 ноември, ќе се гласа на вкупно 63 избирачки места, односно 59 локации, со оглед на тоа дека четири места се со помалку од десет запишани избирачи кои ќе гласаат во соседното најблиско избирачко место. 

Денеска и утре во тек е предизборен молк. Избирачките места ќе бидат отворени утре во периодот од 07 до 19 ч. Право на глас во Кочани имаат 32 446 гласачи. Граѓаните на Кочани во вториот круг ќе бираат помеѓу двајца кандидати за градоначалник.

Во канцеларијата на Народниoт правобранител  на денот на одржувањето на вториот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

И. Матеничарски

Сподели: