Навремено почна гласањето на вториот круг од Локалните избори на сите 63 избирачки места во Кочани.

До 9 часот своето право на глас го искористиле 1014 граѓани, односно 3,13 отсто од запишаните избирачи.
– Гласањето почна на време во сите избирачки места. Досега се тече во најдобар ред без никакви проблеми. До 9 ч. гласаа 1014 избирачи, односно 3,13 отсто, информираше Билјана Димовска Гичева, претседателка на Општинската изборна комисија.
Избирачките места ќе бидат отворени во периодот од 07 до 19 ч.
Право на глас во Кочани имаат 32 446 гласач. Граѓаните на Кочани бираат помеѓу двајца кандидати за градоначалник.
Државната изборна комисија на секои два часа ќе информира за излезноста на вториот круг од Локалните избори во Македонија.
И. Матеничарски



