Во ООУ „Климент Охридски“ во Облешево започна учебната година – прв училишен час за новите првачиња

Во ООУ„ Климент Охридски“ –Облешево почетокот на новата учебна година на пригоден начин одбележан во централното училиште во Облешево .


Градоначалникот на општина Чешиново Облешево, Далибор Ангелов со пригодни подароци на сите првачиња им посака успешен почеток.


Директорот на училиштето Јорданче Костадинов во своето обраќање пред присутните истакна:

– 1 Септември е еден од највозбудливите денови за првачињата – денот кога за првпат го преминуваат прагот на училиштето. Тоа е голем и значаен чекор, исполнет со радост, љубопитност,  и малку трема. За децата – тоа е почеток на едно ново патување исполнето со другарства, игри, нови знаења и авантури.
-За родителите – тоа е момент на гордост и емоции, гледајќи ги своите најмали како стануваат „големи“. За наставниците – тоа е посветена мисија: да ги водат и поддржуваат во секој нов чекор. На нашите нови првачиња , оваа учебна година да  биде исполнета со насмевки, радост и љубопитност. Денес започнува вашата приказна како ученици – приказна што ќе ја паметите цел живот.Среќен почеток и добредојдовте во светот на знаењето, во големото училишно семејство!, рече директорот Костадинов.

Оваа учебна година во двете основни училишта на територијата на општина Чешиново Облешево се запишани вкупно 33 првачина .

Од Министерството за Образование и наука, Општината и Училиштата на сите нови ученици им се дадени пригодни подароци и се создадени сите неопходни предуслови и оваа година образовниот процес да продолжи континуирано и непречено.

ООУ „Климент Охридски“ – Облешево


Сподели: