Започна пријавувањето за вториот Меморијален турнир во мал фудбал во чест на прерано починатиот Андреј Митев од Облешево.

Турнирот започнува од 31 август и ќе трае до 17 септември 2025 г. кога ќе се одигра финалниот меч на игралиштето во Облешево.

Наградниот фонд е 130 илјади денари за прво место, по 60 односно, 30 илјади денари за второ и треттопласираните екипи како и 10 илјади денари за четврто место. Ќе бидат прогласени најдобар играч, стрелец и голман на турнирот.
Учеството на екипите е со котизација од 4000 денари.
Пријавувањето е во тек на телефонските броеви 078/343-279 – Дамјан и 078/270-062 Бобан.
Андреј Митев животот го загуби трагично, во сообраќајна незгода на 20 годишна возраст во 2023 година.



