Родителите на починатите во „Пулс“ оставија пораки пред институциите –  порачаа дека немаат доверба во државниот систем

Родителите на починатите во трагедијата во „Пулс“ оставија транспаренти со пораки пред институциите на системот на 17. Протестен „Марш за ангелите“ што по една седмица пауза денеска повторно се одржа во Кочани.


Гневот родителите првично го искажаа пред зградата на Општина Кочани каде рекоа дека немаат доверба во институциите на системот бидејки тие со нивните непостапувања ги убиле нивните деца. Еден од присутните на протестот остави транспаренти со порака пред влезот на општинската зграда и ги повика граѓаните масовно да се приклучат на идните протести.


Пред полициската станица во Кочани родителите повторно ги обвинија полициските службеници кои биле на лице место трагичната вечер дека ги затвориле вратите на дискотеката што придонело нивните деца да не може навремено да излезат од запалената дискотека.

На вратата и портирницата од полициската станица истото така беа оставени  танспаренти со пораки како и пред вратата на зградата на Управата за јавни приходи.

Родителите на маршот го блокираа кружниот тек пред полицската станица во знак на револт бидејки џип им го пресече патот додека маршираа. Во тензична атмосфера побараа од присутните полициски службеници да го пронајдат возачот и соодветно да го казнат.

Транспаренти со пораки беа оставени и пред зградата на Основниот суд и обвинителството во Кочани.  Уште еднаш ја осудија понудата за цена за нивните деца и рекоа дека наводната поддршка од властите за случајот во „Пулс“  е лажна.

И. Матеничарски

Сподели: