„За овој свет“ од Тоше Проески-онлајн преработка на хорот на ООМУ“Ристо Јуруков“ Кочани

Во пресрет на патрониот празник на ООМУ„Ристо Јуруков“ Кочани, професорите и хорот на училиштето направија интересна онлајн преработка на песната „За овој свет“ од Тоше Проески.


Композицијата е испеана од хорот на ОМУ„Ристо Јуруков“ Кочани, под раководство на наставниците Благој Николов и Љупчо Ѓеорѓијев. Солист и придружба се наставниците Душан и Дејан Стојанови, додека аудио продукцијата е на наст. Маријан Стоименов.


Од училиштето најавија дека наскоро ќе се одржи и онлајн концерт по повод патрониот празник на ООМУ „Ристо Јуруков“, кој се одбележува секоја година на 5-ти јуни.

„Од срце за овој свет“ – уживајте!

И.Матеничарски

Во пресрет на патрониот празник – ОД СРЦЕ ЗА ОВОЈ СВЕТ

Почитувани, во пресрет на патрониот празник на нашето училиште, 05 Јуни, денот на раѓањето на основачот на училиштето професор Ристо Јуруков, Ви претставуваме само мал дел од она што ќе следува.Ова се нашите најмали, најмили, нашите деца, нашите ученици.ДА УЧИМЕ ОД НИВ ЗА ВЕРБАТА И НАДЕЖТА!НАСКОРО: Онлајн концерт по повод патрониот празник на ООМУ „Ристо јуруков“ Кочани!!!

Posted by ООМУ „Ристо Јуруков“ on Thursday, 4 June 2020
Сподели: