Во библиотеката „Искра“ се одржа третата работилница од програмата „Креативно лето“ – „Балон со емоции“

Во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани денеска се одржа третата работилница од летната едукативна програма „Креативно лето“, насловена „Балон со емоции“, на која учествуваа околу 50 деца.


Преку игра, разговор и креативни активности, најмладите имаа можност да ги препознаат, изразат и споделат своите чувства. Во рамки на работилницата, секое дете го изработи својот „Балон со емоции“ и ја претстави емоцијата што ја чувствува во моментот, со што се испрати порака дека сите емоции се природни и важни.


По завршувањето на активностите, учесниците добија диплома за учество и семејната игра „Моите емоции“, со цел разговорот за чувствата да продолжи и во домашна атмосфера, заедно со родителите.

Работилницата ја реализираа наставничките Гордана Трајановска Колева и Цветанка Богатинова, кои преку интерактивен пристап ги водеа децата низ активностите посветени на емоционалниот развој.

Од библиотеката истакнуваат дека „Креативно лето“ продолжува и во наредниот период со нови работилници, насочени кон поттикнување на креативноста, учењето и дружењето кај најмладите.

Сподели: