Во тек расчистување на вегетацијата на патот кон браната Гратче

Општина Кочани денеска започна акција за расчистување на обраснатата вегетација долж патот што води кон браната Гратче.


Со ангажирана механизација се отстранува вегетацијата од двете страни на коловозот, со цел да се подобри прегледноста на патниот правец и да се зголеми безбедноста на возачите и останатите учесници во сообраќајот.


Од Општина Кочани информираат дека активностите ќе продолжат до нивно целосно завршување, а во меѓувреме апелираат до граѓаните да се движат внимателно и да ја прилагодат брзината на движење поради присуството на работна механизација на терен.

Сподели: