Игор Христов – Борбата не завршува тука, ќе дејствуваме во Советот за реализација на нашите проекти

Почитувани сограѓани, драги мои кочанчани, ја користиме приликата да ви се заблагодариме затоа што во неделата масовно излеговте на Локалните избори и гласавте. Особено на оние коишто ја дадоа довербата за мене како кандидат за градоначалник и за нашата советничка листа, предводена од СДСМ и коалицијата.


Приложивме проекти за брз, динамичен развиток и модерно Кочани. Се надеваме дека гласавте за чесни, вредни, способни и одговорни луѓе со вредности.


Го честитаме мандатот на сите советници кои влегоа во Советот на Општина Кочани, особено на нашите советници, да ве информираме дека нашата борба не завршува овде, туку со нашите избраници ќе дејствуваме во Советот за реализација на нашите проекти.

Загрижен сум за Општина Кочани, но се надевам дека граѓаните ќе изберат луѓе со разум, одговорност и љубов кон Кочани.

На кандидатите кои влегоа во вториот круг им посакуваме среќа и успех, а на нашите сограѓани да им порачаме повторно проевропски да излезат на изборите и да ја дадат довербата на оној кандидат за кои сметат дека ќе ги реализира проектите на најдобар начин.

Да живее Кочани, да живее Македонија.

Игор Христов, кандидат за градоначалник на Кочани од СДСМ и коалицијата

Сподели: