Коцева – Ќе понудиме реални проекти и грижа за секој од вас

Почитувани преставници на медиумите, почитувани граѓани.

Од денес започнува кампањата за локалните избори, избори кои за нас граганите на Општина Кочани се најспецифични после големата трагедија која го погоди нашиот град. Овие избори се специфични,бидејќ сите ние треба да си подадеме рака и меѓусебно да го издигнеме и да му помогнеме на нашиот град да стане едно ново урбано место за живеење.

Место кое во централните вести ќе го спомнат по убави работи, град во кој ќе сакаме да живееме ние и нашите деца.

Токму затоа се нафатив да бидам носител на советничката група на СДСМ и коалицијата, листа која е составена од еминентни личности од различни свери од општеството кои можат да понудат решение за секој проблем.

Бројот 5 е број синоним за успех за најдоброто а токму ние на овие избори го
носиме овој број. Како носител на советничката група ќе се залагам и борам за 5 принципи за кои се залага и нашиот кандидат за градоначалник Игор Христов.

Деновиве ке ја претставиме нашата визија за едно поинакво и модерно Кочани Затоа ке се бориме за НАШИОТ ДОМ ЗА НАШЕТО КОЧАНИ ЗЕЛЕНО ЧИСТО УРБАНО И РАЗВИЕНО.

Ќе понудиме реални проекти и грижа за секој од вас. Како преставници на граѓаните ќе бидеме отворени и секојдневно ќе комуницираме и ке бараме решение за секој проблем.

Ветувам дека ке ги смениме досегашните практики и ќе воведеме ново советнички делување.

Затоа денес овде од вас барам да ни се приклучите и да дадете поддршка за бројот 5 за НАШИОТ ДОМ ЗА НАШЕТО КОЧАНИ.

Ви благодарам.

Александра Коцева, носителка на советничка листа на СДСМ

Сподели: