Христов – Имаме пет принципи како водилка за нашата кампања

Почитувани,

денеска се наоѓаме на прагот на изборната кампања по повод распишаните Локални избори 2025 година, заедно со нашата советничка листа од коалицијата предводена од СДСМ и сакаме на кратко да Ви се претставиме кои ќе бидат нашите стремежи во делот на нашата кампања.

Знаеме дека се наоѓаме во еден турбулентен период за општина Кочани, меѓутоа во однос на локалните избори, Социјалдемократскиот сојуз заедно со советничката листа ќе се залага воглавно за пет принципи коишто ќе ни бидат мисла водителка во однос на целокупната кампања и мисла водителка доколку ги освоиме мандатите за советници и мандатот за градоначалник на општина Кочани, а тие се: Кочани чист и зелен град, Кочани културен град, Кочани безбеден град, Кочани урбан град, Кочани спортски и туристички град, тоа ќе бидат пет принципи за коишто ние ќе се залагаме во периодот којшто ни претстои.

Сметам дека ние како Социјалдемократски сојуз ќе имаме позитивна кампања каде што сакаме да се судрат аргументите и фактите, а на нашите граѓани да им понудиме решение.

Денеска се наоѓаме во Паркот на револуцијата, па сметам дека овој парк треба да биде симбол којшто ќе не обедини и симбол којшто ќе донесе позитивни промени во нашиот град.

Одиме со број 5, па ги повикуваме граѓаните доколку им се допадне нашата кампања, доколку им се допаднат нашите ставови да го поддржат бројот 5.

Игор Христов – кандидат за градоначалник на Кочани од СДСМ и коалицијата

Сподели: