Народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Облешево – презентирани проекти од суштинско значење за општината

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата попладнево одржаа Народен собир за граѓаните во Обешево при што беше презентирана програмата за претстојните Локални избори за Општина Чешиново-Облешево.


Говорници на настанот беа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, Драган Ковачки, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Јорданчо Костадинов, кандидат за градоначалник на општината.


-Денеска сме тука со надеж дека нашата општина Чешиново-Облешево заедно со селата кои се дел од неа заслужуваат подобри услови, заслужуваат подобри комунални услуги, канализација, патишта и училишта. Овој собир е доказ дека нашата заедница е силна, обединета и решена да оди напред. Ние не сме тука за да слушаме убави зборови, ние сме тука да ја потврдиме нашата заедничка цел, да ја негуваме нашата општина и нашата Македонија. Локалната власт е првиот и најблискиот контакт на граѓанинот со институциите, таа е тука секој ден во вашето маало, во училиштата и на улиците. Но сите знаеме дека локалната власт сама не може да носи големи промени за тоа е потребна силна поддршка, потребна е поддршка од Влада и потребно е водство кое знае да отвара врати и да обезбедува средства за општината. Токму таква поддршка имаме денеска со Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски и тие стојат зад општинските проекти, за вашите идеи, зад секој чекор што го правиме за подобар живот во твојата општина Чешиново-Облешево. Ако до пред година дена, претходната Влада на ДУИ и СДСМ беше блокатор на развојот на општините, за што најдобро може да посведочи актуелниот градоначалник, денес во нашата Влада и премиерот Мицкоски, општините имаат вистински партнер., рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатот за градоначалник на Чешиново-Облешево, Јорданчо Костадинов презентираше дел од предизборната програма, притоа истакна дека таа содржи проекти што се од суштинск значење за жителите на општината.

-Во нашата програма со прецизно утврдени Буџети и рокови, се обврзуваме дека со мојот тим и советниците, и поддршка од Владата и премиерот целосно ќе ја реализираме. Уште во првата година во мојот мандат, грижата за нашите најмили ја ставае на прво место. Субвенција за секое новородено дете и за секое новозапишано прваче. Субвенција за секое талентирано дете и секој студент од нашата општина. Двете основни училишта во нашата општина, целосно ќе се модернизираат по европски стандарди. Секој млад брачен пар, што ќе одлучи да гради нов дом во селата ќе биде ослободен од сите комунални и административни такси во општината. За сите пензионери ќе обезбедиме соодветна просторија за нивно реаксирано и опуштено дружење. Социјална помош и грижа за ранливата категорија на луѓе. Нашиот избор се спортските терени наместо, казина, фитнес центри наместо сомнителни и небезбедни ноќни клубови. Со домаќинск планирање средствата од Буџетот на општината ќе ги помагаме сите спортски клубови во општината и одржување на постоечките спортски терени и ќе градиме спортски игралишта во сите населени места, соопшти Јорданчо Костадинов, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Чешиново-Облешево.

Притоа, Костадинов додаде дека земјоделието е главна стопанска гранка во општината при што ќе се формира советодавно тело што ќе даде конкретни мерки и предлози за земојделската политика и производството. Најави и организација на манифестацијата Денови на оризот и Село на штркот. Обезбедување на ново возило за собирање отпад, контејнери за прибирање и селектирање на отпадот, пошомувања и Ден на дрвото, двапати во годината. Изградба на асфалтни улици во секое населено место, системи за фекална канализација и решавање на деценискиот  проблем со вода за пиење.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор истакна дека Локалните избори се момент да се избере градоначалник што ќе ги решава проблемите на граѓаните, но и момент преку кој се испраќа порака што посакуват граѓаните во иднина, но и порака кон политичките конкуренти.

-Едно е сигурно. Македонија не може повеќе да чека. Мора да има резултати, големи крупни чекори напред. Тоа можеме да го постигнеме заедно, со слина волја и обединети.  На овие избори да го поддржиме Јорданчо Костадинов, кандидат за градоначалник на Општина Чешиново-Облешево. Тој е чесен човек, домаќин, баш таков каков што е потребен во општината. Тој ќе биде вашиот човек во општината, што не те остава сам. Овојпат Јорданчо е твојот градоначалник, човек кој се докажа со работа, со посветеност и резултати. Човек на кој може да се потпреш затоа што знае дека да бидеш човек тоа значи да бидеш од корист и на другите. Ова не е политички процес, ова е начин на којшто треба да ги движиме животите напред, надежта на нашата заедничка иднина.

Мицкоски рече дека на овие избори се настапува со програма и кадри кои нудат развој и просперитет на општиините.

И. Матеничарски  

Сподели: